Изјава за приватност
Husqvarna го цени Вашиот интерес за компанијата и нејзините производи. Пред користењето на оваа веб-страница и сите подстраници (со едно име: веб-страници), Ви препорачуваме внимателно да ја прочитате изјавата за приватност. Со изјавата за приватност се утврдува кои видови на информации кои од оваа веб-страница се прибираат од страна на Husqvarna AB (publ)/GARDENA GmbH или компаниите од нивната групација, подружниците или претставништвата (заедно наречени: HUSQVARNA) или од трети лица во име на HUSQVARNA и кои се мерките што се преземаат за заштита на Вашите лични податоци. Доколку не се согласувате со изјавата за приватност, нема да можете да ја користите веб-страницата. Изјавата за приватност повремено се подложува на измени, затоа Ве молиме препрочитувајте ја.
Општо
Ве молиме да бидете информирани дека за да учествувате во некои од нашите функции и активности и за да добиете пристап до некои од нашите производи и услуги, треба да доставите неколку информации за да Ве идентификуваме, како на пример, Вашата електронска пошта, име, адреса, телефонски број и Единствениот Матичен Број на Граѓанинот (ЕМБГ) („лични податоци“) во одредени делови од веб-страницата. Оттука, Вие мора целосно да ги разберете и недвосмислено да се согласите со прибирањето, користењето и преносот на таквите лични податоци и условите дадени во оваа изјава за приватност.
Прибирање и користење на личните податоци и другите информации за корисниците
Информациите кои ги доставувате до HUSQVARNA се заштитени со шведските и европските закони за заштита на податоците. Личните податоци се чуваат и управуваат од страна на HUSQVARNA и се користат со цел да се олесни употребата на нашите производи и/или онлајн услуги. Доколку ни доставите дополнителни лични податоци со цел да добивате повратни информации од нас, како на пример, брошури и каталози, ние ги прибираме и чуваме и таквите податоци. Таквите информации ни овозможуваат да одговориме на Вашите барања во поглед на добивање на информации. Информациите ќе се чуваат во разумно обезбедена и заштитена околина, онолку долго колку што HUSQVARNA мисли дека на тој начин ќе се подобри комуникацијата со Вас. Доколку сакате од нашиот регистар да избришеме некои од Вашите информации, или пак целосно да ги отстраниме, Ве молиме контактирајте со Husqvarna AB [важечка адреса и електронска пошта]. HUSQVARNA може да побара дополнителни незадолжителни информации со цел да добие подобри информации за клиентите, за вршење на директен маркетинг или за да Ве покани на некои натпревари. Доколку сакате, можете да одговорите и на ваквите барања за дополнителни информации. Исто така, HUSQVARNA собира информации кои не се од лична природа, а кои ќе се користат за цели на веб-страницата. Ваквите информации се прибираат на агрегатна основа и се користат само за внатрешни цели со цел да се подобри нашето искуство во онлајн работењето и да се олеснат Вашите посети на нашата веб-страница. HUSQVARNA може да ги поврзи овие информации со личните податоци на корисниците со цел да се утврди кои од корисниците пристапуваат до одредени материјали за да се подобри нашата веб-страница. HUSQVARNA не собира лични податоци за деца под 18-годишна возраст и нејзината веб-страница не е наменета за таквата популација. Им советуваме на родителите или старателите да водат грижа за активностите и интересите на нивните деца на интернет.
Пренос на личните податоци
HUSQVARNA не врши пренос на личните податоци кои ги давате на веб-страницата (освен за цели за насочување) на трети лица, освен во случај на (а) согласност од Ваша страна, (б) доколку тоа се бара во согласност со законот или по судски налог, (в) за да се заштитат и одбранат правата на сопственост на HUSQVARNA, (г) за заштита на личната безбедност на корисниците на веб-страницата, (д) на лица или компании со кои HUSQVARNA има договори за вршење на внатрешни операции на веб-страницата или нашето деловно работење или (ѓ) доколку основано веруваме дека се предмет на законски обврски, обврзувачка шема или договор кои содржат принципи за правично користење и соодветно ниво на заштита на личните податоци. HUSQVARNA го задржува дискреционото право да контактира со соодветните власти доколку забележи активности кои може да се нелегални или ги прекршуваат условите за користење на веб-страницата.
Колачиња
- Оваа веб-страница користи технологија наречена „колачиња“. Колачињата се мали текстуални датотеки кои содржат информации и се зачувани на Вашиот компјутер од страна на веб-страницата што сте ја посетиле. Тие се користат со цел да се обезбеди дополнителна функционалност на веб-страницата и да ни помогнат во анализирањето на нејзиното користење. Постојат два вида на колачиња. Така, првиот вид се користи за „паметење“ на информации, како што е Вашето корисничко име и лозинка и се чуваат во Вашиот компјутер онолку долго колку што одлучите да не се одјавите од претплатената услуга. Доколку не ја користите функцијата „Во иднина не прашувај за моето корисничко име и лозинка“ („Don't ask for my username and password in the future“), ваквите колачиња никогаш нема да се зачуваат на Вашиот компјутер.
- Вториот вид се нарекуваат колачиња на сесијата. Тие се користат за следење, на пример на тоа кој јазик сте го избрале на веб-страницата. Во текот на Вашата посета на веб-страницата, таквите колачиња се привремено зачувани во меморијата на Вашиот компјутер. Колачињата на сесијата не се чуваат долго на Вашиот компјутер и обично се бришат веднаш штом го исклучите пребарувачот. Со помош на употребата на вакви колачиња, HUSQVARNA се надева дека подобро ќе ги идентификува информациите кои се релеватни за нашите посетители.
Доколку не сакате да ја прифатите употребата на колачиња од страна на HUSQVARNA, најголем дел од пребарувачите Ви овозможуваат да го конфигурирате Вашиот пребарувач да ги одбива ваквите колачиња со помош на менување на нагодувањата на пребарувачот. Меѓутоа, таквата постапка може да доведе до ограничување на функционалноста и користењето на веб-страницата.
Квалитет
HUSQVARNA се обврзува дека ќе презема разумни чекори со цел да ја обезбеди точноста, целосноста и ажурирањето на личните податоци кои ги собира. Меѓутоа, Вие сте обврзани да доставите лични податоци кои се точни, целосни и ажурирани во времето на нивно прибирање. Доколку утврдите дека личните податоци со кои располагаме не се точни, целосни и ажурирани, по доставувањето на Вашето писмено известување, ние ќе преземеме соодветни мерки за поправка на личните податоци.
Безбедност
Иако HUSQVARNA не гарантира дека нема да дојде до неовластен пристап на веб-страницата, ние Ви гарантираме дека посветуваме големо внимание на одржувањето на безбедноста на Вашите лични податоци и во спречувањето на неовластен пристап преку разумно користење на соодветна технологија и внатрешни постапки.
Други веб-страници
Веб-страницата може да содржи линкови до веб-страниците на трети лица. HUSQVARNA не врши контрола и не е одговорна за содржината или праксата во однос на приватноста на веб-страниците на трети лица кои може да се поврзани со нашата веб-страница. Таквите веб-страници може да поставуваат сопствени колачиња на Вашиот компјутер и/или располагаат со други начини на прибирање и управување со личните податоци. Пред да ги користите, Ви советуваме да се информирате околу праксите на заштита на приватните податоци на таквите веб-страници.
Промени
HUSQVARNA го задржува дискреционото право на промени, измени, додавање или отстранување во целост или на кој било дел од оваа изјава за приватност, во кој било момент, без претходно известување. Промените на изјавата за приватност ќе стапат на сила во оној момент кога ќе се објават на веб-страницата. Вашата продолжена употреба на веб-страницата по објавувањето на промените на оваа изјава за приватност ќе се смета како прифаќање на таквите промени.
Изјавата за приватност последен пат била ажурирана на 04/03/11.