Husqvarna Моторни коси за малчирање

Специјализирани машини за ефикасно малчирање

Овие специјализирани машини се моќни и ергономски, дизајнирани за ефикасно малчирање во секакви услови. Клучните карактеристики вклучуваат високи перформанси и специјално дизајнирани сечила за малчирање.

Ефикасност

Специјализираните моторни коси се супер-ефикасни алатки, благодарејќи на моќните мотори кои обезбедуваат рапидна акцелерација.

X-Torq®
Дизајнот на X-Torq® моторот го зголемува обртниот момент врз поголем rpm опсег, обезбедувајќи максимална моќ на косење.

Ергономија

Добро-балансираните и оптимално дизајнирани, управувачи и рачки со вибрациски-стабилизатори ја олеснуваат работата. Ергономските појаси се вклучени.

Ниски вибрации
Ефективниот анти-вибрациски стабилизатор ги апсорбира вибрациите, штедејќи ги рацете и дланките на корисникот.
Ергономичен дизајн
Управувачот под агол и комфортните држалки обезбедуваат одличен хват и работна положба.
Оптимизиран центар на гравитација
Подобрен баланс поради поставеноста на резервоарот за гориво пред моторот.

Околина

Моторните коси даваат високи преформанси за мала потрошувачка на бензин и произведуваат низок степен на штетни емисии. Се ова е резултат на континуираните напори за развивање на напредни машински технологии.

X-Torq®
Дизајнот на X-Torq® моторот ги редуцира штетните емисии и до 60% и ја зголемува заштедата на гориво до 20%.