Husqvarna Косилки за терва

Дизајнирано за индивидуалните потреби.

Сигурност, леснотија во оерирањето и добрите резултати е она кое го барате. Независно дали сте висок или низок, силен или слаб, технички спремен или не, нема да биде проблем при користењето на нашите косилки за трева.

Ефикасност

Неколку системи за косење на променлива брзина ви се достапни како методи за косење. Изберете го методот кој најмногу му одговара на вашиот тревник и професионални преференци.

3-во-1 систем за сечење
Оваа косилка нуди разновиднот со повеќето различни начини на косење. Одберете го начинот кој вам ви одговара за постигнување оптимални разултати; колекција за уреден тревник, BioClip® (малчирање) за наѓубрување на тревникот и исфрлање за помалку косени површини.
AFT (Напредна технологија на протекот)
AFT (Напредна технологија на протекот) е уникатен дизајн каде што главата за косење, сечилото и жлебот имаат оптимален проток на воздух. Ова значи првокласни резултати при сите начини на косење. При собирање поможува за оптимално полнење на собирачот, за да се овозможи помалку празнење.

Ергономија

Висината на управувачот може да се подесува, контролите се добро групирани и мекиот хват обезбедуваат комфортно оперирање. Висината на кочење може да се подеси само со една рачка.

Лесен за управување собирач
Ергономичниот собирач е цврст, компактен и високо поставен на косилката, со што се олеснува вадењето и враќањето. Исто така има широк отвор и помошна дршка на страната за лесно празнење.

Трајност

Сите наши косилки за трева имаат робустни и долготрајни декови за косење. Тркалата со лагерски лежишта се вртат лесно и обезбедуваат извонредно функционирање во долг период.

робустен дизајн
Главата за сечење е произведена во едно парче што значи нема заковани делови. Ова овозможува голема ригидност, толеранција и трајност при торзија, како и издржливост при работење.
Поцинкувана челична глава за косење
Челичната глава за сечење е обложена со цинк преку процес на галванизација, што дава голема трајност. Исто така има слој на пудра за поголема отпорност на корозија како и подолг живот.
Тркала со двојни топчести лежишта
Обезбедуваат косилката да се тркала лесено и без олабавување на тркалата, дури и по многу години на употреба.