Husqvarna Моторни пили

Дизајнирани да се справат со работата.

Нашето 50 годишно искуство во бизнисот со моторни пили има доживеано мирен тек на подобрувања во однос на безбедност и ефикасност, како и зголемување на асортиманот на производи. Без разлика дали вашата работа се однасува на соборување дрва или сечење на дрва за огрев, секогаш ќе има соодветна моторна пила за вашите потреби.

Ефикасност

Брзо и лесно ракување, новата X-Torq® моторна технологија дава максимална снага и сила на вртење во поголем опсег вртежи истовремено намалувајќи ја потрошувачката на гориво и издувните гасови.

Видливо ниво на горивото во резервоарот
Транспарентен индикатор за гориво, кој овозможува брза и лесна проверка на нивото на гориво во резервоарот.
Затегнувач на синџирот без алати
Овозможено е брзо и лезно затегање на синџирот, склопување на зглобовите и на синџирот бе употреба на алатки.
Вбризгување на воздух
Центрифугалниот систем за пречистување на воздухот го редуцира абењето и осигурува подолго време на оперирање помеѓу цистење на филтрите.

Ергономија

Лесни за стартување благодарение на Smart Start. Со системот LowVib заснован на принципот на две маси, масата на целиот систем држење служи како контратег за апсорбирање на вибрациите.

LowVib(r)
Ефективните анти-вибрациони ублажувачи ги абсорбираат вибрациите, овозможувајќи заштита на рацете и дланките на корисникот.

Трајност

Триделното коленесто вратило се состои од две ковани половини поврзани со ракавец. Оваа трајна конструкција овозможува долги периоди за сервисирање.

Троделно коленесто вратило
Кованото троделно коленесто вратило овозможува максимална издржливост при вршење на најтешките работи.

Околина

Нашата најнова технологија на развој на мотори е моторот X-Torq®. X-Torq® ја намалува потрошувачката на гориво до 20%, а издувните гасови до 60%.

X-Torq(r)
Ниската потрошувачка на бензин и редуцираната емисија на штетни гасови е спроведена во согласност со најстрогите светски регулативи за заштита на природната околина.