Husqvarna Дувачи

Ви ги даваме силите на природата на дланка.

Покрај употребата на моќните дувачи за издувување на лисја и смет од вашата градина, постојат уште стотици примени за чистење на вашите машини, шупи, плевни и други места. На кратко, нашите дувачи се врвни алатки за чистење на било што.

Ефикасност

Моќниот мотор, големата брзина и волумен на воздух ги прават нашите дувачи значително ефикасни за дување и собирање на сите видови на лисја и смет.

Висок капацитет за дување
Моќниот и лесен за стартување X-Torq® мотор во комбинација со ефективниот дизајн на вентилатор даваат голема брзина и голем проток на воздух.

Ергономија

Бидејќи се носат на нашите комотни појаси, нашите дувачи се екстрено лесни за управување.

Ватиран појас
Удобни ватирани појаси со каиш на колкови за намалување на тежината.
Ергономска дршка
Дршката може да се накоси и има гумени влошки за стабилен и удобен зафат.

Околина

За да се намали загадувањето на околината моторите на нашите дувачи имаат мала потрошувачка на гориво и имаат мало ниво на штетни емисии.

X-Torq® мотор
Дизајнот на X-Torq® моторот ги намалува штетните издувни емисии дури до 75% и ја зголемува ефикасноста на горивото до 20%.