Политика на приватност

Husqvarna го цени вашиот интерес за компанијата и нејзините производи. Строго препорачуваме внимателно да ја прочитате оваа Политика на приватност пред да ја користите оваа веб-страница и нејзините подстраници (заедно „Страница“). Оваа Политика на приватност наведува какви информации Husqvarna AB (publ)/GARDENA GmbH или компаниите од нејзината групација, нејзините подружници или претставништва (заедно HUSQVARNA) или трети страни во име на HUSQVARNA прибираат од оваа Страница и какви мерки се преземаат за заштита на вашите лични информации. Доколку не се согласувате со Политиката на приватност, не може да ја користите Страницата. Оваа Политика на приватност може да се менува одвреме навреме, така што е потребно по извесно време да ја погледнете.

Општо

Имајте предвид дека за да користите некои наши функции или да учествувате во некои наши активности и за да пристапите до некои наши производи или услуги, на одредени делови од Страницата ќе треба да доставите информации кои ве идентификуваат, како што се вашата адреса за е-пошта, името, поштенската адреса, телефонскиот број и матичниот број („Лични податоци“). Затоа, мора во целост да ги разберете и недвосмислено да се согласите со прибирањето, користењето и пренесувањето на таквите Лични податоци во согласност со условите и одредбите наведени во оваа Политика на приватност.

Прибирање и користење на Личните податоци и другите информации на корисниците

Информациите што ги доставувате до HUSQVARNA се заштитени со законите за заштита на податоци. HUSQVARNA ги складира и ги управува Личните податоци, кои ги користи за да го олесни функционирањето на нашите производи и/или онлајн услуги. Ако ни дадете дополнителни Лични податоци за да добиете повратни информации од нас – на пример, за брошури, каталози – ги прибираме и ги складираме тие информации. Тие информации ни овозможуваат да го исполниме вашето барање за информации. Информациите ќе се складираат во разумно безбедна и заштитена средина сè додека HUSQVARNA смета дека тие може да послужат за да се подобри комуникацијата со вас. Доколку сакате делумно или целосно да ги отстраните вашите информации од нашиот регистар, контактирајте ја Husqvarna [Македонија] на [адреса за е-пошта] или на нашата поштенска адреса [поштенска адреса].

HUSQVARNA може да побара од вас да доставите дополнителни, незадолжителни информации за да го подобриме нашето познавање на клиентите или да извршиме директен маркетинг или да ве поканиме на натпревари. Можете да одговорите на таквите барања за дополнителни информации.

HUSQVARNA ги прибира и информациите од не-лична природа за користењето на нашата Страница. Овие информации се прибираат статистички и се користат само за внатрешна употреба, со цел да ни помогнат да го подобриме вашето онлајн доживување и да го олесниме вашето користење на Страницата. HUSQVARNA може да ги поврзува овие информации со Личните податоци на корисникот за да утврди кои корисници пристапуваат до кои материјали, што ни овозможува да ја подобриме Страницата.

HUSQVARNA свесно не прибира какви било Лични податоци од деца на возраст под 18 години и нејзината веб-страница не е наменета за нив. Им препорачуваме на родителите и на старателите активно да се интересираат за онлајн активностите и интересите на децата.

Пренос на Личните податоци

HUSQVARNA нема да ги пренесува (освен за пренасочување) Личните податоци кои ќе ги доставите на Страницата до трети страни, освен (а) со ваша согласност; (б) во согласност со законот или судска наредба; (в) за да се заштитат правата или сопственоста на HUSQVARNA; (г) за да се заштити личната безбедност на корисниците на Страницата; (д) на лицата или компаниите со кои HUSQVARNA има договори за извршување на внатрешни операции на Страницата или во нашето деловно работење; или (ѓ) имаме разумна причина да сметаме дека тие подлежат на законот, обврзувачки шеми или договори во кои се содржат принципите на фер ракување и адекватно ниво на заштита на Личните податоци. HUSQVARNA го задржува правото да контактира со соодветните органи по дискреција на компанијата доколку забележи активности кои можеби се нелегални или ги прекршуваат условите за користење на HUSQVARNA.

Колачиња

  1. Страницата може да користи технологија наречена „колачиња“. Колачињата се мали текстуални датотеки кои содржат информации што веб-страницата што ја посетувате ги зачувува на вашиот компјутер. Тие се користат за да овозможат дополнителна функционалност на Страницата и го олеснуваат анализирањето на користењето на Страницата. Има два вида колачиња: Еден вид колаче се користи за „запомнување“ на информациите како што е вашето корисничко име и лозинката и се складира на вашиот компјутер додека да одлучите да се „одјавите“ од услугата за претплата. Доколку не ја користите функцијата „Не ми го барај корисничкото име и лозинката во иднина“, таквите колачиња нема да се складираат на вашиот компјутер.
  2. Другиот вид исто така се нарекува и колаче за сесија. Се користи за да се следи, на пример, кој јазик сте го избрале на веб-страницата. Додека ја посетувате веб-страницата, ваквите колачиња привремено се зачувуваат во меморијата на вашиот компјутер. Колачето за сесија не се складира на вашиот компјутер подолго време и обично исчезнува кога ќе го затворите веб-пребарувачот. Со користењето на такви колачиња, HUSQVARNA се надева дека подобро ќе ги пласира релевантните информации до нашите посетители.
Доколку не сакате да го прифатите користењето на колачиња од страна на HUSQVARNA, повеќето веб-пребарувачи ви овозможуваат да ги конфигурирате да ги отфрлаат колачињата така што ќе ги промените поставките на веб-пребарувачот. Меѓутоа, тоа може да ја ограничи функционалноста и некои поволности од користењето на Страницата.
Прочитајте повеќе за колачињата што се користат на husqvarna.com

Квалитет

HUSQVARNA се обврзува да преземе разумни чекори за да се обезбеди точноста, комплетноста и ажурираноста на Личните податоци што ги прибираме од вас. Меѓутоа, вие имате обврска да доставите Лични податоци кои се точни, комплетни и ажурирани во времето на прибирање. Доколку подоцна утврдите дека Личните податоци кои ние ги поседуваме не се точни, комплетни или ажурирани, по вашето писмено обраќање, ние ќе преземеме разумни чекори да ги коригираме Личните податоци. Имате право да добиете информации во врска со вашите Лични податоци кои ги поседува HUSQVARNA. Доколку сакате да добиете такви информации, ве молиме испратете ни потпишано барање по пошта.

Безбедност

Иако HUSQVARNA не може да гарантира дека никогаш нема да дојде до неовластен пристап, можете да бидете сигурни дека HUSQVARNA многу внимателно ја одржува безбедноста на вашите Лични податоци и спречува неовластен пристап до нив со помош на разумно соодветна технологија и внатрешни процедури.

Други веб-страници

Страницата може да содржи врски до веб-страници на трети страни. HUSQVARNA не ги контролира ниту пак е одговорна за содржината или практиките за приватност на веб-страниците на трети страни кон кои може да насочуваат врските поставени на Страницата. Таквите веб-страници може да поставуваат свои колачиња на вашиот компјутер и/или да имаат други начини за прибирање и ракување со вашите лични информации. Ви препорачуваме да се запознаете со практиките за приватност на таквите веб-страници од трети страни пред да ги користите.

Промени

HUSQVARNA го задржува правото, по своја дискреција, да менува, додава или отстранува делови од оваа Политика на приватност или Политиката на приватност во целина, во кое било време и без претходно известување. Промените во оваа Политика на приватност стапуваат во сила по нивното објавување на оваа Страница. Доколку продолжите да ја користите Страницата откако на неа биле објавени измени во оваа Политика на приватност, ќе се смета дека ги прифаќате тие измени.

Оваа Политика на приватност последен пат е ажурирана на 25-ти ноември 2014 година.