Заштитна опрема и облека со високо ниво на заштита да излези во пресрет на условите.
Горди сме на нашата врвна заштитна опрема и облека со нивниот интелигентен дизајн, високо ниво на заштита и комфорот кој што го обезбедуваат. Исто така вложувањето на напори во правењето на нашата заштитна опрема и облека, ги прави најкомотни и најергономични што може да бидат, така што ќе можете да ги користите со извонредна слобода на джижење и максимална ефикасност. Ниедна заштита на светот не може да го замени знаењето и расудувањето, но секако може да го надополни и да ја подобри безбедноста. Целта е да се искомбинира ефективна заштита за модерни високо брзински моторни пили, со мала тежина и добра вентилација. Нашиот нов асортиман на заштитна облека ги задоволува побарувањата од Класа 1 (брзина на пила до 20 m/s) и Класа 2 (брзина на пила до 24 m/s). Добра заштитна опрема мора да ги издржува долгите смени на работа и побаруваните услови. Погодноста и заштитните квалитети на заштитната облека мора да се задржат откако ќе биде користена, исперена и исчистена. Затоа не користиме ништо друго освен високо- квалитетни материјали.